loader

Обуки

Обуки и полагања

Таргетс ДООЕЛ е лиценцирана фирма за вршење теоретско и практично оспособување за ракување со оружје за Б1,Б2,Б3 категорија од 2009 година за лица кои сакаат да поднесат барање за добивање на одобрение за оружје за наведените категории. Располагаме со сопствено затворено цивилно стрелиште каде што се вршат обуките и полагањата. Стрелиштето може да се користи и за рекреативно пукање.


Обуките ги вршат високо професионални и стручни инструктори. На обуката се предава Прва Помош, Закон за оружје, Кривичен закон како и теоретски дел од областа на запознавање и ракување со оружјето. Откако завршува теоретскиот дел со високо професионално обучени инструктори се изведува практична обука за ракување со оружје. Теоретскиот и практичниот дел од обуката се одвиваат во еден ден. Со тоа потенцијалниот кандидат добива документ(потврда) за теоретско и практично оспособување за ракување со оружје.


Полагањето за оружје се одвива во Испитниот Центар во Скопје, пред комисија, составена од Претседател,заменик(назначени од страна на МВР) и членови на комисијата. Испитот се состои од теоретски и практичен дел.Теоретскиот дел се полага компјутерски и ако лицето го положи испитот(резултатите се добиваат веднаш), потоа го полага практичниот дел во затвореното стрелиште на Таргетс ДООЕЛ СКопје. Кандидатот кој ќе го положи испитот добива Уверение за положен испит за оружје(пиштол). Кандидатот подготвува документи за поднесување на барање за добивање Одобрение за оружје. Барањата за добивање оружје се поднесуваат според местото на живеалиште како што е наведено во личната карта


Потребни документи за поднесување барање за добивање Одобрение за оружје

  • Барање за оружје
  • Лекарско уверение за оружје
  • Уверение дека лицето не е во казнена евиденција
  • Уверение дека лицето не е во кривична евиденција
  • Уверение дека лицето не е под старателство
  • Уверение за положен испит
Дознај Повеќе!

Обука и Полагање за пиштол

9300 Ден.
  • Теоретски дел
  • Практичен дел
  • Теоретско полагање
  • Практично полагање
Дознај Повеќе

Нашите Партнери

Светски познати и реномирани производители за оружје, муниција и додатоци за оружје кои произведуваат врвно оружје со долга традиција на квалитет.